Јово Вангеловски правосилно разрешен од претседател на Врховниот суд и од судиската функција

5

Жалбениот совет во Врховниот суд правосилно го разреши поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски. На седницата одржана вчера, жалбениот совет расправал и ја одбил жалбата на Вангеловски, која се однесуваше на одлуката на Судскиот совет од 10.9.2019 да го разреши од претседател на Врховниот суд и од судиската функција.

Вангеловски беше разрешен беше поради незаконската постапка околу овозможувањето на Сеад Кочан да се брани од слобода. Со три гласа „за“, пред две и пол години Вангеловски и уште двајца врховни судии го ослободија избеганиот Кочан од притвор.

Вангеловски е разрешен за несовесно вршење на функцијата. На општа седница, без изгласана одлука со мнозинство дека Државниот јавен обвинител (тогаш Марко Зврлевски) може да се меша во предметите на СЈО, Јово Вангеловски прими Барање за заштита на законитоста (БЗЗ) од Ацо Колевски и со тоа БЗЗ го спаси Кочан од притвор.

Врховниот судија Фаик Арслани беше избран за в. д. претседател на Врховниот суд, веднаш по разрешувањето на претседателот Јово Вангеловски од Судскиот совет.