Јокиќ: Ако Кампацо се претстави добро во Црвена ѕвезда, може да се врати во НБА

6

 

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ го коментираше трансферот на неговиот поранешен соиграч Факундо Кампацо во Црвена ѕвезда од Белград.

– Кариерата на Факу во НБА-лигата заврши повеќе досадно отколку што требаше, и верувам дека ако се претстави добро во Црвена ѕвезда, еден ден ќе може да се врати во најсилната лига на светот. Кога се пресели во Црвена ѕвезда, имавме можност многу пати да разговараме. Му кажав дека Ѕвезда ќе биде вистинскиот клуб за него. Мислам дека таму ќе биде многу успешен и фановите ќе го сакаат. Тој ќе му помогне на тимот со својата борбеност, енергија и асистенции, изјави Јокиќ.

Кампацо неодамна дојде во Црвена ѕвезда од Денвер нагетс како големо засилување. Имаше опција Арегнтинецот да се пресели и во Реал Мадрид.

Триесет и едногодишниот кошаркар има играно за Реал од 2014 до 2020 година, а претходно шест години беше член на Пењарол.