Јокиќ го однесе Денвер во западното полуфинале

36

Денвер со 80:78 ја победи Јута и со 4-3 се пласира во полуфиналето на Западот, Никола Јокиќ беше играч на натпреварот, Бостон славеше и на вториот меч против Торонто, овој пат со 102:99 за 2-0 во источното полуфинале.

Мајсторката меѓу Денвер и Јута беше со изненадувачки малку поени, Нагетс победија со 80:78 и се пласираа меѓу најдобрите четири на Западот.

Никола Јокиќ беше предводникот во победата, Србинот постигна 30 поени, имаше и 14 скокови. Кај Јута најдобар беше Мичел со 22 поени, Гобер имаше 19 поени и 18 скокови.

Денвер во полуфиналето на Западот ќе игра против Лос Анџелес Клиперс кои беа подобри од Далас со 4-2.

Синоќа се играше и вториот натпревар од полуфиналната серија на истокот меѓу Торонто и Бостон, Селтикс повтовно победија, овој пат со 102:99.

Натпреварот беше тесен во целиот тек, при крајот на третата четвртина Торонто имаше и двоцифрена предност но не знаеше да ја задржи и го загуби мечот.

Татум со 34 поени беше најдобар кај Бостон, Ануноби кај Торонто реализираше 20.

Резултати:

Конференциско полуфинале:

Торонто – Бостон 99:102 (0-2)

Конференциско четвртфинале:

Денвер – Јута 80:78 (4-3)