Јокиќ одигра маестрална партија и сруши нов НБА рекорд (ВИДЕО)

8

Денвер во меч со едно продолжение го победи Њу Орлеанс со 138-130, а Никола Јокиќ одигра МВП партија.

Јокиќ постигна 46 поени, имаше 12 скока и 11 асистенции. Дури 30 поени постигна во второто полувреме и екстра периодот. Тој го спаси Денвер од пораз во регуларниот дел погодувајќи две слободни фрлања со што го изедначи резултатот. А во продолжението даде седум поени за победа на неговиот тим.

Овој трипл-дабл на Јокиќ беше рекорден. Тој стана првиот играч во НБА кој направил трипл-дабл со над 40 поени, а имал и четири блокади и три украдени топки.

Дополнително, тој стана вториот во историјата со трипл-дабл со повеќе од 45 поени, а притоа да има 70 проценти прецизност од поле. Друг кој го направил тоа е Вилт Чембрлејн.