Јокиќ со трипл-дабл го предводеше Денвер до триумф над Минесота, Далас победува и без Дончиќ (ВИДЕО)

30

Никола Јокиќ реализираше трипл-дабл во победата на Денвер над Минесота од 109:100, Далас без Лука Дончиќ ја совлада Филаделфија на нејзин терен со 117:98.

Денвер одигра доминантно во мечот против Минесота, водеше во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено оствари триумф со девет поени разлика.

Никола Јокиќ постигна трипл-дабл, имаше 22 поени и по десет скока и асистенции. Најефикасен на мечот беше неговиот соиграч Мареј со 28 поени. Вигинс со 19 кај Минесота беше најдобар.

Далас без Лука Дончиќ дојде до уште една победа, овој пат на гостувањето кај солидниот тим на Филаделфија. Маверикс не само што победија, туку тоа го направија и на убедлив начин со 117:98.

Фантастична партија имаше Порзингис кој уфрли 22 поени но имаше и дури 18 скокови, Хардавеј постигна 27 поени. Најефикасен на мечот беше Ембид со 33 поени имаше и 17 скокови, но неговата одлична партија не беше доволна Филаделфија да избегне пораз.

Резултати:

Кливленд – Мемфис 114:107
Индијана – Сакраменто 119:105
Бостон – Детроит 114:93
Торонто – Вашингтон 122:118
Мајами – Њујорк 129:108
Оклахома – Феникс 126:108
Филаделфија – Далас 98:117
Денвер – Минесота 109:100
Портланд – Орландо 118:103
Голден стејт – Њу Орлеанс 106:102