Јордан најостро ја осуди посетата на изралескиот министер Бен-Гвир на џамијата Ал Акса

8

 

Јордан „најостро“ ја осуди посетата на екстремно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, на џамијата Ал Акса во Ерусалим.

„Јордан најостро го осудува влегувањето во џамијата Ал Акса и нарушувањето на нејзината светост“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи во Аман.

Бен-Гвир утрово со силно обезбедување ја посети Ал Акса, што е третото најсвето место за муслиманите по Мека и Медина, но и најсветото место за Евреите како остаток на античките еврејски храмови.