ЈО формира комисија за следење изборни нерегуларности

6

Јавното обвинителство соопшти дека ќе се формира привремена комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со изборите.

„Настаните поврзани со претстојните предвремени парламентарни избори, закажани за 15 јули 2020 година, се од општ интерес на јавноста, па оттука, е формирана комисија која проактивно ќе ги следи настаните, во насока на заштита од криминални или други противзаконски дејствија и превентивно делување“, се наведува во соопштението.

За претседател на комисијата е определен јавниот обвинител, Џељаљ Бајрами. Комисијата, според соопштението, на дневна основа ќе ги следи сите настани од државата поврзани со процесот на организирање и спроведување на изборите, а индициите за евентуални сторени изборни нерегуларности ќе се проследат до соодветното основно јавно обвинителство.