Јуве не може да му ги исполни барањата, Дибала сам си „потпиша“ заминување од Торино

10

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала би можел да го напушти Јувентус.

Неговите преговори со раководството на „Старата дама“ за продолжување на договорот не одат никако добро, а проблемот секако се парите.

Дибала е врзан со договор со „Бјанконерите“ до летото 2022 година. Клубот е подготвен да му понуди продолжување на соработката и му нудат осум милиони евра годишно плус бонуси.

Меѓутоа, Дибала сака повеќе пари. Тој од клубот бара дури 15 милиони евра по сезона и поради тоа разговорите за продолжување на соработката се прекинати.

Аргентинецот претходните денови се поврзуваше и со заминување од Торино. Интерес за него покажа Реал Мадрид, кој наводно со 100 милиони евра го нуди Тони Крос или Иско.

Останува да се види на крајот што ќе се случи меѓу Дибала и Јувентус, но засега фантастичниот напаѓач е доста далеку од продолжување на соработката и буквално сам си „потпиша“ заминување од клубот.