Јужнокорејски дипломат: Ким е во кома и неговата сестра ја презема контролата

32

Медиуми како „Дејли мејл“, „Мирор“ и „Њујорк пост“ ја пренесоа изјавата на јужнокорејскиот дипломат, кој тврди дека Ким Џонг-ун е во кома и дека неговата сестра ја презела контролата врз Северна Кореја.

Чанг Сонг-мин, поранешен помошник на починатиот претседател на Јужна Кореја, Ким Дае Јунг, тврди дека се крие вистината за влошената здравствена состојба на владетелот на Северна Кореја и дека, колку што разбира, тој е во кома.

Шпекулациите за вистинското здравје на Ким растат како резултат на неговото отсуство на јавни настапи оваа година.

Говорејќи за локалните медиуми, Чанг Сонг-мин рече: „Јас проценувам дека тој е во кома, но тој е жив“, пренесуваат медиумите.

Тој додаде дека сестрата на Ким Џонг-ун, Ким Jо-џонг (33) е во позиција да ги преземе некои од овластувањата на нејзиниот брат.

Минатата недела медиумите објавија дека Ким Џонг-ун и дал поголеми овластувања на својата сестра и дека сега таа е одговорна за севернокорејската политика спрема САД и Јужна Кореја.