Јунајтед ќе треба да плати вистинско богатство ако сака да дојде до Англичанецот

Се очекува предстојново лето екипата на Манчестер Јунајтед да направи низа промени во играчкиот ростер а тоа вклучува заминувања, но и ангажман на нови фудбалери.

10

Оле Гунар Солскјер се очекува по секоја цена да тргне по двајца Англичани, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд и Хари Кејн од Тотенхем.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дани Марфи смета дека најдобриот англиски напаѓач во овој момент, Хари Кејн ќе биде следното засилување на „црвените ѓаволи“.

Даниел Леви ќе го пушти Хари Кејн да премина на „Олд Трафорд“ но само ако тоа биде рекорден трансфер, сумата која ја определил за него е 230 милиони евра.

Парите за тимот од Лондон се и повеќе од потребни сооглед на тоа што го отплаќаат новиот стадион вреден една милијарда фунти, а кризата со коронавирусот им зададе голем удар во првичните финансиски планови.

Според „Дејли Мејл“, Тотнем должи 637 милиони фунти позајмица за стадионот и 83 милиони фунти рати за трансфери. Тој е фрустриран од коментарите на Кејн дека Премиерлигата треба да се прекине доколку не заврши до крајот на јуни.