Љубчо Георгиевски подготвува адвокатски тим за враќање на титулата почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ

11

Првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна и почесен претседател, Љубчо Георгиевски, не е задоволен од последните статутарни измени во неговата поранешна партија и смета дека веќе стекнатото право како почесен претседател на партијата не може да му биде одземено. Тој веќе го подготвува адвокатскиот тим за покренување на тужба против ВМРО-ДПМНЕ во негово име, бидејќи согласно позитивната правна регулатива веќе стекнато право не може да биде одземено, пишува Поглед.мк, портал близок до неговата сегашна партија ВМРО-НП.

Со последните измени во статутот на партијата се укинуваат позициите почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Освен Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше и Никола Груевски.