Њујорчани можат да освојат до 5 милиони долари на лотарија доколку се вакцинираат

22

„Треба да се боцнете за да освоите”, објави во четвртокот гувернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо, откривајќи лотарија вредна 5 милиони долари како поттик за жителите на Њујорк да се вакцинираат против коронавирусот следната недела.

Програмата обезбедува бесплатна грепка за сите Њујорчани постари од 18 години што ќе ја примат вакцината Модерна, Фајзер/Бајонтек или Џонсон&Џонсон од 24-28 мај.

„Со забавување на темпото на вакцинација во државата, треба да бидеме креативни за да вакцинираме што повеќе луѓе“, рече Куомо во изјавата. „Колку повеќе Њујорчани се вакцинираат, толку побрзо ќе се вратиме во нормала“.

Куомо вели дека 63 проценти од возрасните Њујорчани се вакцинирале со една доза вакцина, а 54 проценти биле целосно вакцинирани.

Лотаријата што се користи како поттик за вакцинирање може да донесе добивка од 20 до 5 милиони долари.

Државата Охајо минатата недела објави дека ќе ја поттикне вакцинацијата со лотарија во која пет недели ќе доделува добивки од милион долари на среќниците кои се вакцинирани, а првиот добитник ќе биде објавен на 26 мај.