„Ќе ги убијам сите невакцинирани“: Уапсен Австриец кој се заканувал на социјалните мрежи

14

Еден 47-годишен жител на австрискиот град Велс преку социјалните мрежи се заканувал дека ќе ги убие сите невакцинирани луѓе, јавија австриските медиуми.

Според полициското соопштение, тој за да ја потенцира својата закана се сликал со пиштол и фотографијата ја поставил покрај заканувачката порака.

На распитот тој изразил жалење поради заканата поставена на социјалните мрежи.

Тој истакнал дека е бесен што мора да се вакцинира и е обврзан да се придржува до сите мерки, а општеството не може да се врати во нормала поради невакцинираните лица.

Против него е поднесена кривична пријава до Обвинителството на Велс и му е изречена забрана за поседување оружје.