ЌЕ ЗАИГРА ЛИ МЕЧКА НА БАЛКАНОТ

304

Македонија е среќник! Членството во НАТО и дојде како Бинго на лотарија за да има некој да и ги гарантира границите, поточно НАТО. Ние не сме милитантен народ, а немаме ни некоја традиција и историја на војување. Нашата традиција и историја е олицетворена во кубурата на Цацко од спотот со К-15. Носиме кубура на појасот за‘‘лоши времиња‘‘ ама немаме газ да ја вадиме. Гледано географски, а богами ни политичко економски, ние за никого не сме некоја трагедија освен за самите себе си

 Од Агим ЈОНУЗ

Ние во Македонија имаме страшна среќа. Нема шанси да поцркаме во војна од поширок карактер затоа што во меѓувреме ке поцркаме од глад! Така да, кога ке стигнат тенковите у Скопје, може само да им речеме ‘‘ бујрум‘‘, ионака сме живи мртовци. Једино ќе ги замолиме тенкистите да не турираат на семафор многу, зашто многу е сељачки така. Нека имаат барем стил коа ке стигнат до нас. Нека биде елегантно.Соочени сме со нешто што само Бајден и Путин го имаат у глава. Ние не мораме да имаме ништо у глава зашто не ни треба, ионака ние ама баш ништо не одлучуваме. Ние сме само како ‘‘ биљбиљи на жица‘‘ ако му треба на некого. Да си вежба современо оружје. Среќа наша што ние немаме некои стратешки цели на територија на МАкедонија, па нема потреба од бомбардирање. Имаме потреба само од пелени зашто ке се усереме при првиот прелет на млазните авиони над Скопје. Ако грешам нека изгорам.

Шегата на страна, ајде да видиме што кажува онаа стара народна поговорка дека кога мечка игра пред комшиска врата, утре чекај ја пред твојата. Дека ние сме народ што би војувал тоа се приказни за мали деца. Арно ама, дека сме народ кој е ‘‘лесно запалива стока‘‘ тоа сигурно. Она што е евидентно е дека кризата во Украина и последиците по економијата во Европа ке ги осетиме на сопствена кожа. Лошо е тоа што ние не сме спремни да опстојуваме нормално ниту во мирнодопско време а камо ли во воено е друга приказна. Но, ако е војна, ако е криза, народот вели ‘‘ каде сите турци тука и гол Асан‘‘. Бегање од тоа нема. Ќе мора да е прилагодуваме како знаеме. Ние не сме народ кој може да предизвикува или да одговара на воени дејствија. Може да направиме некои ситни инциденти како во 2001 – година, но од поголем размер немаме ни сила а ни расположение во народот да војува.

Балканот одсекогаш бил буре со барут. Сите ние седиме врз тоа буре чиј фитиљ го држат во раце големите сили. Токму од таа причина, а кога ги спомнуваме големите сили се доведува во прашање дали интересот на тие сили е да нема стабилен Балкан. Лично не верувам дека во актуелниот момент некому одговара да има нестабилен Балкан. Ама, има нешто друго. Никогаш светот не бил по блиску до трета светска  војна отколку сега. Јас лично не верувам дека човештвото ќе го дозволи тоа, ако се земе во предвид дека тоа на крај нема да може да биде конвенционална војна и дека ке мора ‘‘да пресечат‘‘ нуклеарки. А, тогаш би било ‘‘ крај филма‘‘. Нема победници. Да,.. но ајде да размислуваме едноставно и да видиме во колкав радиус е воопшто возможна конвенционална војна, а да нема катастрофален земјотрес по стабилноста и економиите на западните земји генерално. На балканот постојат точки кои се сеуште прашање на ‘‘што ќе се случи ако се случи‘‘! Република Српска со својпт центар Бања Лука е најгорливото прашање на балканот. Со оглед на преземените чекори од страна на Русија и братството на Србија со русите, воопшто не би ме изненадило тој регион да добие ‘‘ на сила‘‘ и да се разгори. Босна не е членка на НАТО и нема обврска ниту да ја брани ниту да стои зад Босна. А, од друга страна Пан Славјанската врска Русија – Србија – Р. Српска е некоја логична линија која би функционирала во смисла на заедништво, што официјално, што политички-војно. Приказната на Босна воопшто не е завршена. Дотолку повеќе што се во политичка, економска и социјална криза која населението го доведува до линија на очај, разочарување и анксиозност. А тоа се клучните предуслови за подигање на милитаристичкиот дух и порив.  На Балканот воопшто не е возможна ‘‘локализација ‘‘ на воени дејствија. Барем не во актуелната ситуација. Сите се на свој некаков начин поврзани. Тоа го покажа и војната во Босна. Вклучувањето на НАТО во решавањето на конфликтот на балканот подразбираше почирок радиус на бомбардирање. Колку и да стоеше се зад завесата на ‘‘ ја бомбардираме само Србија‘‘! Последиците се ден денеска очигледни. А сеќавањата свежи.

Ако ги прашаш Србите, они зборуваат за цело Косово, иако во суштина во прашање е северот на Косово. Непризнавањето не може вечно да трае. Многу нешта зависат од тоа како ке се развива војната во Украина во смисла дали Путин ке реши да ја шири приказната. На балканот ионака вечно стои зацртаната линија која го граничи истокот и западот. А за тоа балканот е идеален. Славистичкиот амбиент преку Србија може да направи голема беља. На Косово нема шанси да има ‘‘локално играње на мечка‘‘! Причината еедноставна. Микрорегионално, етничката заедница на албанците нема да го дозволи тоа. Секое чепкање на Косово по аутоматизам ја вклучува Албанија. За Македонија со својот западен дел не треба ни да се коментира. Секое чепкање по територијата каде што има барем еден Албанец, е подигање на се што е албанско. Ако Србија се реши да ‘‘се прави фраер‘‘, последиците се катастрофални по регионот. А, Србија секако зависи од тоа колку ке има јак грб во Русија. Ако сме доволно реални, ако Србија реши да се прави фраер кон албанците, тогаш воопшто не се доведува во прашање ‘‘Српско – Албански‘‘ конфликт. Туку тоа е директно поле за конфронтација на НАТО со Русија по примерот на Украина, на Крим,.. Во таква комбинација се што можеме да кажеме е ‘‘ нека биде господ на помош‘‘!

Македонија е среќник! Членството во НАТО и дојде како Бинго на лотарија за да има некој да и ги гарантира границите, поточно НАТО. Ние не сме милитантен народ, а немаме ни некоја традиција и историја на војување. Нашата традиција и историја е олицетворена во кубурата на Цацко од спотот со К-15. Носиме кубура на појасот за‘‘лоши времиња‘‘ ама немаме газ да ја вадиме. Гледано географски, а богами ни политичко економски, ние за никого не сме некоја трагедија освен за самите себе си. Македонија со својата војска онолку и онаква каква што ја дал господ, може да функционира само во системот на НАТО и тоа како некое топовско месо. Евентуално може да играме по голема улога во делот на интендантската логистика како добри ‘‘кувари‘‘, а богами и носачи на муниција. Воено, ние сме фактор само на Криволак кога треба да се играме ‘‘Камај‘‘. Колку и да сме НАТО членка, нашата сила е ‘‘Бум пушката – трт гаките‘‘ што би рекол народ. Кога би биле оставени сами на себе без НАТО, ние со нашата војска треба да бидеме среќни ако не се оствари онаа народнана ‘‘ пукна пушка – пољаната празна‘‘! Ако мечката реши да игра во нашиот двор недајбоже, најголеми губитници ќе бидат етничките македонци. Кому да се приклонат!? Изборот е или со Албанците, или со Србите или со бугарите. Друго – нема. Со албанците нема шанси, зошто не се славјански народ, а нетрпението големо и латентно, со огромна шанса да се развие доколку ‘‘ брача срби‘‘ речат ‘‘чокалије, ми смо један народ, ту смо за вас‘‘! Со Бугарите би било ‘‘повуци – потегни‘ но сепак сметам дека тука би имало страшен проблем во тоа што бугарите се во НАТО, ама се истовремено и се по ‘‘прозападни‘‘, така да пак би требало да се братски расположени со албанците. Со грците нема шанси. Остануваат само србите кои во тој случај би ги вовлекле во уште по голема трагедија зато ашто би требало да бираат страна. Исток или Запад. Резимето е едноставно! Ако се водиме по онаа легендарна изјава во минатото на боксерот Аце Русевски кој рече ‘‘ куде ќе бега, рингот е четири на четири‘‘, на македонците не им останува ништо друго освен седејки ‘‘на тараса и поздравувајки ја гоцевата раса‘‘ да им носат вода на американските пилоти кои преку ноќ аеродромот Петровец би го претвориле во полетно – долетна писта за своите воени операции. Ионака да не се американците, Македонија одамна би била историја.

Албанците? Ха! Ако некој рече дека се нешто подобро од македонците тој е или пијан или му смрдат ногите. И едните и другите им се одамна седнати на колено на американците и има како знаат да функционираат по системот ‘‘вежи коња где ти газда каже‘‘! И тука доаѓаме до она суштинско прашање. Како Македонија би функционирала гога мечката би решила да заигра во Македонија! Никако! Не треба да се секира. За тоа се секираат американците. И македонците и албанците има само да викнат ко у ЈНА ‘‘разумеем‘‘! И наместо знаејки ја целата оваа работа да си се организираме како здрава држава и да се спремаме за уште потешки денови, да си пружаме рака и да се сакаме, почитуваме, негуваме мир и добрососедство, ние по социјалните мрежи и секојдневието се однесуваме како навијачки групи, не свесни за последиците од се. Погледајте Фејсбук, и сите социјални мрежи. Едните се за Путин, другите за Запад, едните се ‘‘анте, а другите анте -курала‘‘! А сите заедно една трагедија која не дај боже да има војна од пошироки размери на балканот не заслужува ништо друго освен добар ќотек.

А бе,.. Македонија ваква или таква, треба да опстои. Од кал да е, наша е! Се додека е наша!

ОООО ЏЕМААТ што ќе биде ќе биде нема бегање! Како викаат, на кого му е судбина да биде онаквен, на него гаќите сами му паѓаат! Ако почне војна, спушти си ги гаките на време!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)