Ќе има ли пари во буџетот од септември?

Јавноста сѐ уште не може да си одговори зошто СДСМ и Зоран Заев инсистираа на избори што побрзо, а не во септември, иако корона кризата во Македонија е далеку од надмината.

36

Во услови кога Македонија е среде втор бран од епидемијата со стотици заболени и починати од ковид 19, Зоран Заев и СДСМ инсистираа на избори заради комплетирање на институциите за на есен да ја дочекаме наводното враќање на болеста. Но дали е тоа единствената причина?

Според добро упатени извори дознаваме дека во СДСМ биле разгледувани економските сценарија за до крајот на годината и тие биле многу лоши токму во периодот август септември. Имено според ваквите анализи кои се правени во партијата, а за кои бил информиран и Заев во септември следи економски и социјален крах.

Прво буџетот би бил исцрпен до ниво да не може да сервисира основни функции во државата, а од друга страна стопанството би се соочило со уште поголеми загуби што би се рефлектирало со отпуштања и затворања на капацитети, по завршувањето на годишните одмори. Тоа неповолно сценарио го запалило црвениот аларм кај Заев и затоа упорно одел на картата избори најдоцна до јули, бидејќи после тоа ќе следело огромно незадоволство кај народот, што би се преточило во катастрофален изборен резултат, кој според нашите извори бил проектиран на полош резултат од изборите во 2008 година.

Продолжената здравствена криза која во СДСМ не ја очекувале дека толку долго ќе трае во до средината на јуни и уште нема најава дека брзо ќе заврши ќе го усложни полнењето на буџетот поради намалената економска активност. Згора на тоа оскудниот меѓународен пазар на пари оневозможува евтино и брзо задолжување што компликува и онака тешката состојба. Како што вели изворот лошиот менаџмент на Филипче и Ангеловска биле главните причини зошто Заев бил нервозен, но сепак не барал нивна одговорност, за да не се наруши и онака влошената доверба на граѓаните во нив и во капацитетот на министерствата кои ги водат.