ЌЕ СЕ РАЗБУДИШ ЛИ ЕДНАШ АЈВАН НАРОДЕ?

600

 Ќе се случиш ли еднаш народе!? Под ‘‘народе‘‘ не подразбирам ниту митинг ниту протест ниту патриотски поклици во празно од типот ‘‘ за Македоњааа‘‘! Ниту пак комуњарски фрази од типот на ‘‘работиме за тебе народе‘‘. Ниту пак ‘‘ македонците ни се криви за се‘‘! Ниту пак повторно шарена револуција во која НИКАД не би се вклучил ако ме предводи некој што си има обезбедено егзистенција за три генерации, па го заболе онаквото кого излажал на крај.

 

Од Агим ЈОНУЗ

 Колумнава воопшто оне е повик на бунт, на револуција, на јавен протест, најмалку на нереди и хаос. Ова е само едно гласно размислување на авторот на колумната. Секое осудување на написов е злонамерно. Тоа е демократија впрочем, нели. Слобода на говор и мисла. Тоа ми го дозволува Уставот!

Седам на кафе во еден од Берлинските плоштади Потсдамер Плац. На гости сум, не сум побегнат, да не рече некој ‘‘ лесно ти е да јадеш гурабии од далеку‘‘. Слушам вести што се случува во Македонија, се нервирам, а паралелно му се воодушевувам на еден град и на една држава која беспрекорно функционира, а  во која се знае што е парламент, што е влада, што е полиција, што е јавен живот и негова организираност, што е бело, а што е црно! А, не е дека и тука нема криза!! Се е поскапено и се повеќе народот незадоволен, ама на друго ниво. Не се секира за тоа дали има пријатели на суд, туку дали наместо петнаесет дена на море ке оди само десет. Криза има, ама се менаџира и тоа исклучиво во интерес на амортизација на животот на средната класа. Народски речено, на ‘‘работникот‘‘. Гледам мултикултура на дело, а не декларативно. Буквално има претставници на народи од цел свет. А, за Турци, Арапи, избеглици од Блиски Исток, воопшто да не зборуваме. Тие се тука ‘‘ домашни животни‘‘. Ги има – глава не можеш да дигнеш од нив. Што би рекол народот ‘‘ Хитлер се превртува у гроб‘‘ затоа што црнец од Сомалија му чува млади германчиња у градинка. И што Турчин му е директор на Водовод.  Има цели квартови како да си во Истанбул. Во сред Германија. А, интересно државата функционира како швајцарски саат. Точно се знае на кого каде му е местото, а истовремено се знае и ‘‘кој е на маса, а кој е на каса‘‘! И можеш да замислиш колку проста формула функционира! Попросто –  здравје. Вели, почитувај ги Уставот и законите, ако сакаш да живееш достоинствено како човек. Грижи се да функционира државата ако сакаш да ти биде ‘‘ мајка‘‘! Ако не,.. не ти е место во оваа средина и во оваа држава! Сиктер од тука! Или почитувај правила, или мрш да те нема! Мрш! Многу просто! И во целата таа работа се мислиш, а бе они имаат два мозоци, а ние еден, или што е работава. Одговорот е едноставен. Они имаат еден мозок, а ти ни тој што го имаш биолошки еден, не ти функционира. Значи резимето е они имаат мозок, а ти го немаш! Е, па цркни! Да простат читателите, ‘‘ кој те е*е‘‘!

Ќе се случиш ли еднаш народе!? Под ‘‘народе‘‘ не подразбирам ниту митинг ниту протест ниту патриотски поклици во празно од типот ‘‘ за Македоњааа‘‘! Ниту пак комуњарски фрази од типот на ‘‘работиме за тебе народе‘‘. Ниту пак ‘‘ Македонците ни се криви за се‘‘! Ниту пак повторна шарена револуција во која НИКАД не би се вклучил ако ме предводи некој што си има обезбедено егзистенција за три генерации, па го заболе онаквото кого излажал на крај. Подразбирам вистински народ без стереотипи, без ‘‘Хиље‘‘ народ. Оној народ што нема алтернатива освен Македонија, освен ред, работа и дисциплина. Оној истиот што се бори за зголемување на плата од педесет евра во време во кое не го спасуваат од глад ниту триста. Ниту ќе се случиш, ниту ќе ти дозволи некој да се случиш! Политичарите попрво ке те втурнат во уште поголем огин, отколку да им ја замеш душата! А нивната душа е ‘‘отворен газ‘‘ за моќ, за контрола, за владеење! Цркни народе! Да!.. цркни! Цркни затоа што едно зборуваш дома пред телевизор и со блиските, второ на работа ( ако си воопшто вработен), трето на улица, а четврто кога си пијан у кафана! Од кого се плашиш! Од власта? Опозицијата? Албанските партии? Ќе се случиш некогаш? Немаа! Не да се случиш како скакулец по сокаци, а не знаеш ни сам што сакаш, него да се случиш да речеш ‘‘ еве бе, ние не мора ништо да измислуваме, ново, некој измислил се‘‘! Ајде да ја смениме плочата!  Па, ти сам си ги поставил сопствените силеџии на тоа место! Сам си ги избрал. Сам си си пукал во сопствената нога уште оној момент кога пред да гласаш не си седнал да мучнеш со глава. А сега, спушти си ги гаките убаво, наведни се и нека те дупи тој истиот што си го ставил таму кај што си седи. И не стенкај многу, зошто тој што те дупи уште повеќе ќе ужива во тоа. Стисни заби. И,.. цркни!Што е!? Те вреѓа вистината!? Нека те вреѓа и треба да те вреѓа! Да ти опне шамар! Да те нокаутира!

Ќе продолжам со Германија и ќе позборам колку е проста патеката до промените кои треба да се случат кај нас, а кои токму ти народе треба да ги направиш. Иако, само ненормален човек може да ги споредува Германија и Македонија, ама, има работи за кои не се воопшто потребни пари за да тргнат нештата на подобро. Како прво поимот држава овдека го подразбираат многу сериозно. А ти не! Да, за тоа имаат традиција и имаат љубов кон самите себе си, а консеквентно на тоа кон државата. Значи, поимот ‘‘ држава‘‘ стои изнад се! Кај нас стои како би рекол народот ‘‘ курац од овце‘‘! За тебе државата е ‘‘ голи ташак‘‘. Поимот ‘‘дисциплина‘‘ е најголемиот влог кој народот го улага во својата држава. Они се пример за тоа. Не зборувам само за работна дисциплина. Зборувам за дисциплина во делот на почитувањето на она што државата го поставува како правило, како закон, како уредба. Кај нас најголем мангуп е оној што ке ги изигра законите и правилата. Тоа ни е национален спорт. Овдека одамна расчистиле со поимот ‘‘ нема леба без мотике‘‘. И овде има криминалци, ама батко овде има – полиција. А не ајвани по партиска линија кои се бетер криминалци од криминалците. Кај нас секој бели мајмун е на позиција која контролира ситуација на терен. Е, овде ‘‘онакво мое‘‘! Ретко кој овдека побегнал од рацете на правдата. Овде не можеш да се пазариш со судиите и правдата колку да платиш за да не те обесат сред плоштад. Да,.. и овде можеш да правиш далавери ама биди сигурен дека ке го кркаш. Во делот на дисциплината како поим една работа е овдека евидентна, а пресудна во доменот на функционалноста. Нема не одработена плата. Поточно речено, формулата е повторно едноставна. Секој си ја работи работата најдобро што умее. Е да! За тоа е платен. За барем елементарно достоинствен живот. Ама, нема легачење и на пладне излагање на кафе у град, па пак назад да се чекираш на крај на работно време. Кај нас, на пладне кафичите пуни, а тука на пладне секој на брзање за пауза зима нешто за ужина и назад. Улиците чисти, Јавната хигиена на завидноо ниво, што вика еден другар, ако се степаш на улица со некого, нема каде да најдеш камен да фрлиш по некого. За хартија и останат брлог ич да не зборуваме. Нејсе, да ја завршиме ‘‘Германијава‘‘ со кратко резиме. Формулата е проста а таа вели ‘‘држава – ред- работа – дисциплина‘‘! Крај! Исто како кај нас, ама ‘‘маалку ‘‘ поинаку! И уште да кажам дека ако они во кризно време се пред нас сто години, можеш да замислиш во нормална ситуација и време.

А сега да позбориме за нашето двориште, за нашата авлија во која не се знае кој е тепан, кој е ебен, а која чорапа на која нога иде.  Во Македонија мора ‘‘ још јуче ‘‘ да се освести масата дека јавната дисциплина е најголем двигател на позитивни промени. Некој ке рече, дисциплината е за свесни луѓе и за оние кои се реално писмени. Македонија има писмен народ, ама само што се однесува до тоа дека знае да пишува и чита, а најмногу да сурфа на интернет и да виси на Фејсбук. Писменоста е комплексна работа. Писменоста подразбира еволуирана вештина на читање и пишување. Ако се земе предвид комплексната дефиниција за писменост, најгоем дел од популацијата во тој случај е неписмен.  Нека се вреѓа колку сака! Неписмен. Јавната свест во Македонија е сведена на племенски поклици, на политичка слепост заснована врз примитивистички тези кои се во максимален дел етно центристички. Базирани на Крале Марко, на Муса Арбанаса( кесеџија) и на некакви исконски антички небулози на кого дури во дваесет и првиот век му текнало да ги буричка. Зборот држава за огромен дел од популацијата сеуште е ‘‘ Шпанско Село‘‘. Која е таа сила која може да внесе промени во јавниот егзистенционален дискурс во Македонија. Во јавната свест, во социјалниот дел однесувањето и секојдневието. Само младите. Но! Дали и сите млади? Ова е прашање од милион долари. Кој дел од младите? Тука има три нивоа. Првото ниво на кое треба да се поработи а од кое ке тргнеме се оние кои ги гледаме по митинзи кои со бајраците во раце. Тоа е една ‘‘останата‘‘ ни таму ни ваму група која во неуспех да побегне  и фрустрации од секојдневен карактер, ни сама не знае што прави по митинзи и по партиски мастурбации со очајниот народ. Со нив е лесно да се поработи затоа што се млади ама затруени. Контаминирани со синдромот ‘‘ македонско секојдневие‘‘. Нив им треба само адекватна едукација и примери на дело. А, кој да им даде пример! Стока и ајвани што им туткаат бајраци во раце и ги пуштаат во први редови како топовско месо пред полиција? Со нив – малку треба! Втората група е исто млади луѓе кои во македонското секојдневие  се повлечени до максимум, аполитични се, а најголемиот проблем е што се начитани, прошетани ама сиромави. Тие се на ивица на лудило, кој пат да го фатат. Нив само треба некој да ги поведе! Тоа е една маса која ако некој механизам ги повлече како што треба во изградба на едно квалитетно општество, резултатите би биле многу бргу видливи. Третата група е онаа која е веќе побегната и живее надвор. Онаа млада група која некој друг ја користи за китење на сопствените успеси и благодети. Тие би се вратиле, и сигурен сум дека не би ни размислувале дали сакаат една држава ‘‘ а‘ ла Германија‘‘ во сопственого огниште, ама не веруваат веќе никому дека тоа е можно! А не веруваат затоа што се ‘‘реално писмени‘‘ и на лице место таму по свет каде што живеат гледаат дека мустаките на Крале Марко не се пресудни за тоа дали можеш или не можеш да живееш достоинствено како човек! Мора да ги вратиме! Мора! Мора!

И на крај клучното прашање од милион долари. Кој ке направи промена? Кој ке се освести и ќе рече ‘‘ вака не бива‘‘! Кој ќе ја пресече главата на змијата наречена примитивизам, беда, очај, глад, заостанатост, сиромаштија. Кој ке ја организира таа млада маса која нема алтернатива, ниту државна, ниту историска, нити исконска, ниту ‘‘татковинска‘‘! Има!? Нема!? Има!?… Нема! Зошто нема? Затоа што се е продадено, се е промашено, се е отидено во еден правец. Неповрат! Дај боже да грешам. Јас ја сакам Македонија. Тука сум роден. Тука ке умрам! Ми се плаче, седејки со кафе во сред Берлин, воодушевувајки се на најпроста работа. Луѓето си ја сакаат својата земја. Работат на неа! Судено ни е да сме проклети. Некој некогаш одамна не проколнал. Клетвата е тешка работа.

ООО ЏЕМААТ Нека ми прават халал постарите и оние реалните верници кои заслужуваат ‘‘темена‘‘. Нека ми простат што на останатите од џемаатот ке им речам ‘‘мрш у пизду материну бре стоко без мозок‘‘. СИКТЕР!

 

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)