Џаин: Политичките реалности донесоа чувство на итност, но критериумите за членство во ЕУ мора да бидат исполнети

1

 

Цврсто сме посветени на пречекување на Западниот Балкан во европското семејство. Политичките реалности донесоа чувство на итност, но критериумите мора да бидат исполнети. Процесот и понатаму ќе остане ригорозен и затоа ќе мора посветеност, одлучност и национална согласност околу сеопфатната стратешка насока на земјата за членство во ЕУ, изјави амбасадорка на Шведска во земјава, Ами Ларсон Џаин.

Пораката за проширувањето од декемврискиот Самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана, посочи Џаин, е кристално јасна – иднината на земјите од Западен Балкан и граѓаните е во ЕУ.

Зборувајќи за приоритетите на шведското претседателство со ЕУ и проширувањето со Западен Балкан на конференцијата „Година на нови можности“, Џаин рече дека тоа доаѓа во време на криза и сериозна закана по европската безбедност, поради руската инвазија на Украина.

Шведската Влада има четири приоритети за претседателството во следните шест месеци – Безбедност и обединетост, конкурентност, зелена и енергетска транзиција и секако владеење на правото и демократските вредности, изјави Џаин.

Земјите членки на ЕУ, посочи Џаин, ја искажаа својата поддршка за Украина и ќе останеме обединети во нашите реакции и покрај Украина, се додека е тоа потребно.

– Усогласеноста со ЕУ во надворешната и безбедносна политика и санкциите против Русија остануваат клучни и Северна Македонија покажа лидерство по ова прашања и тоа навистина го цениме, истакна Џаин.

Безбедносните ситуации на Западен Балкан се особено важни за шведското претседателство, бидејќи, како што Џаин, тие се важни и за ЕУ и за самиот регион.