Џамиите ќе се отворат на 12 мај

Од 12 мај, Исламската верска заедница ги отвора џамиите за молитви, одлучиле 13 муфтии на чело со реисот Сулејман Реџепи на вчерашниот состанок. Тоа значи дека од вторник сите верници можат да одат на колективни молитви во џамиите.

17

Тие велат дека одлуката ја донеле врз основа на фактот што во земјата се намалил бројот на заразени од коронавирусот, но се налутени и поради вчерашната литија одржана во Струга организирана од МПЦ, каде стотици верници излегоа на улиците.

„Вреди да се напомене дека во текот на суспензијата на колективните молитви во џамиите, ИВЗ строго ги спроведе препораките на релевантните институции за заштита на здравјето на населението, свесна за последиците. ИВЗ е единствената верска институција во земјата која јавно побара од исламските верници да ги почитуваат препораките за заштита на здравјето“, соопшти ИВЗ.

Од ИВЗ се надеваат оти одлуката на Ријасетот ќе наиде на разбирање кај државните органи.