Џафери: Да ги направиме изборите свечен ден

5

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната прес-конференција објасни дека го потпипшал решението за распишување на предвремените парламентарни избори кога тоа било можно и врз основа на член 12 став 2 од Изборниот законик и го доставил до Државната изборна комисија и другите соодветни институции.

Тој ги повика институциите да организираат фер и демократски избори.

– Лидерите го вратија мандатот кај вас, обврска на е на институциите да обезбдат услови за спроведување на фер, слободни и демократски избори на кои вие ќе го искористите вашето демократско граѓанско право и обврска. Апелирам до сите учесници на овој изборен процес, политички партии, партиски членови, членови на избирачките одбори и општинските изборни комисии, и најважно од сѐ, медиумите, да бидат на висина на својата задача, да придонесат изборниот ден биде свечен ден и уште еден позитивен прилог во извештајот за напредокот на земјата што треба да биде објавен во месец март со што ќе дадеме свои значаен удел во позитивниот исход на самитот во Загреб и да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ. Впрочем, така и ѝ личи на земја која набрзо ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО. Со среќа на денот на изборите, нека биде чесно и достоинствено, нека победи гласот на народот – рече Џафери.