Џафери за КОХА: Ако Заев го добие мандатот, утре ќе го избереме и првиот парламентарец

95

Скопје, 12 август – Досегашниот Претседателот на Собранието, Талат Џафери во средата попладне ги информирал сите парламентарните групи на политичките партии претставени во Собранието да бидат подготвени за можна седница во текот на утрешниот ден за избор на новиот претседател, пренесува весникот КОХА.

“Да, ги известив парламентарните групи да бидат подготвени за собраниска седница, за фактот дека утре е Претседатлот на државата ќе го додели мандатот за формирање на Владата, што значи дека мора да има условно мнозинство во Собранието. Затоа, нека повелат пратениците во Собранието за да ја продолжи конститутивната седница и да ги затвори останатите две точки што останаа од првата седница, избор на комисијата за избори и именувања и изборот на Претседател на Собранието, нека се избере претседател и да продолжиме со работа”, изјави за весникот КОХА, Талат Џафери, поранешен претседател на Собранието на Северна Македонија.

Џафери додава дека им дал и наредба на службите на Собранието да подготват се што е потребно за пленарна седница.

Инаку, денес во текот на денот, Претседателот на државата Стево Пендаровски најави дека утре во 12 часот ќе и го додели мандатот за формирање на новата Влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Во меѓувреме, тој претходно изјави дека мандатот за формирање на Влада ќе го добие партијата што обезбеди 61 пратеник во Собранието. (Д.Ј /КОХА)