Џафери за нападот на Собранието: Хулиганството и насилството не се решение

2

Претседателот на Собранието Талат Џафери со објава и видео на Фејсбук го осуди синоќешното насилство на протестите против францускиот предлог.

-Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение – напиша Џафери на Фејсбук.

Од Собранието велат дека се уште не го добиле францускиот предлог. Висок функционер од Владата за „Слободен печат“ информира дека Владата го проследила францускиот предлог до Собранието.