Џафери: Изборен модел не се менува на неколку месеци пред избори

11

Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека не е вистинскиот момент за промена на изборниот модел. Според него, тоа не треба да се прави на неколку пред изборите.

Мислам дека тоа не треба да се прави без општ консензус и да се влезе на неколку месеци пред крајот на работата на Собранието – нагласува Спикерот.

Но, предлогот на 15-те пратеници за измена на моделот најверојатно ќе биде ставен на седница на 11 декември. Каков ќе биде исходот и дали ќе има поддршка од пратениците Џафери не сака да шпекулира.