Џафери: Нема потреба од предвремена ратификација, постапката за НАТО ќе заврши до 12 февруари

5

Претседателот на Спобранието, Талат Џафери оценува дека по формирањето на новата влада во Шпанија многу е полесна и јасна процедурата за ратификација на Протоколот за НАТО.

Во изјава за Телма, Џафери вели дека очекува Шпанија во најкус можен рок да го ратификува Протоколот за членство на земјава во НАТО, а целата постапка кај нас да заврши до 12 февруари.

„Во овој момент нема потреба да се брза со предвремена ратификација. Владиниот предлог е во процедура, но нема индикации дека е неопходно предвреме да се постапува“, изјавил Џафери.