Џафери: Седница за автентичното толкување нема да име пред 11 декември

8

Автентичното толкување за член 11 од законот за помилување што го бара СДСМ нема да се најде на седница пред 11 декември, брифира за Сител собранискиот спикер Талат Џафери.

Како што изјави Џафери, ќе чека да помине комисиската расправа за буџетот за 2020 година. Дополнително и процедурата за автентично толкување е посложена.

Џафери дури денеска го примил барањето од СДСМ и денеска ќе го препрати до законодавна правната комисија и до владата.