Џафери: Ќе бидам претседател и на пратениците кои ме гласаа и на оние кои беа против

28

Талат Џафери со 62 гласа „за“ и 43 „против“ од пратениците денеска беше реизбран за претседател на десетиот состав на Собранието.

На изборот претходеше неколкучасовна дебата во која од собраниската говорница 20-на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и на Левица, изрично соопштија дека нема да го гласаат Џафери за претседател. Пратениците од Алијанса и Алтернатива во знак на протест не ни присуствуваа на гласањето, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата по гласањето, пред Џафери да ја потпише свечената изјава. Од парламентарното мнозинство на СДСМ, ДУИ и ДПА, освен за реплики на изречените обвинувања на семетка на партиите, никој не побара збор за точката од дневниот ред – избор на собраниски спикер. Сепак Џафери по изборот им се забалгодари и на едните и на другите.

ЈАС ОСТАНУВАМ КОНЗИСТЕНТЕН НА МОИТЕ СТАВОВИ ДЕКА И ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД ЌЕ БИДАМ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СИТЕ 120 ПРАТЕНИЦИ, БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ ГЛАСАЛЕ ЗА ИЛИ ПРОТИВ ИЛИ ВООПШТО НЕ ГЛАСАЛЕ. СЕКАКО, ОВА ЌЕ БИДЕ ПЕРИОД НА ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО, А И ЗА ОПОЗИЦИЈАТА, ИЗЈАВИ ЏАФЕРИ.

Тој рече дека очекува и конструктивни дискусии во законодавниот дом, а денеска во повеќе наврати ги предупредуваше пратениците да се држат до темата, а на дел од новите пратеници во неговиот стил им укажуваше како треба да се однесуваат.

Во четиричасовната дебата иако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повеќе време посветија на своите политички противници СДСМ, на што од редовите на социјалдемократите во неколку наврати реплицираа, од ВМРО-ДПМНЕ се му посветија и внимание и на Џафери.

По изборот на претседател, партениците веднаш премина на третата точак од коститутивната седница – избор на Комисијата за прашања за избор и именувања чии предлози за членови веќе беа усогласени меѓу партии со што изборот без поголема дебата се заврши за 15-минути. Со Комисијта ќе претседава Костадин Костадинов од СДСМ. По завршувањето на конститутивната седница се очекува идната недела пред пратениците да се најде предлогот за новата влада.