Џез во политика

27

Назим РАШИДИ

Честопати,ги земаме како пример западните земји и нивните демократии како референца за нашиот развој. И, секако дека е во ред, затоа што се учи од најдобриот и од, особено ако сме мудри, нивните грешки. Меѓутоа, денеска ќе се фокусирам малку кај нас во регионот. Навидум една едноставна церемонија, без многу помпа и врева, но многу изведена до детали, така што беше телевизиски пренос и така беше инаугуриран новиот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ. Што ми падна во очи? Најпрвин химната. Беше отпеана една речиси џез верзија од една од најголемите икони на модерната хрватска музика, Јосипа Лисац. Нејзината екстравагантност отсекогаш била истакната, дури и надвор од светските ѕвезди, но денеска како тешка дама, како голема дива, со црвен шешир, облечена надвор од било кој официјален протокол за церемонијата на инаугурација на претседател, ја изведе химната придружена сам со пијано. Го опишувам тоа, затоа што не се случајни симболиките. Целиот овој „модернизам“, па дури и не типичните нијанси на изведувањето на химната, без преголема помпа, но со многу рафиниран стил, го покажува смислата на политиката и духот што го има претседателот Милановиќ.

И таков беше и говорот. Пред него беа сите високи хрватски државни функционери и поранешни претседатели, меѓу кои и оној што си замина, Колинда Грабар – Китаровиќ, пред кои тој ќе коментираше: „Изборите не се метода за најде вистината, или апсолутната вистина, изборите се метода за да се постигне компромисот на јасен начин меѓу многу желби на различните луѓе“. Линијата на модернизмот се забележуваше низ целиот говор од скоро 10 минути, секогаш им се обраќаше на „Хрватките“ и „Хрватите“. Зборуваше за Хрватска на иднината, споменувајќи ги, меѓу другото, и креативните индустрии, но и сите други, од обичните работници до академиците. Тој зборуваше и за патриотизам, но повторно појавуван со термините на времето, каде сите се чувствуваат рамноправни во државата каде што живеат, без оглед на етничката или сексуална припадност, но како што рече, ќе работи за изградба на земја каде сите ќе имаат можност да се развиваат и да напредуваат. Уште посуштински, тој спомна три важни елементи на јавната област, како основа за развојот, но и мерки за искоренување на доминацијата, а тие се, независноста на судовите, медиумите и забележите: Науката.

Истакнатиот прогресивност отиде дотаму што новиот хрватски претседател Зоран Милановиќ, го заврши својот говор со овие зборови: „Ова е домот за нас, за сите нас, за тие кои се тука, за генерациите што ќе доаѓаат, за тие што ќе се враќаат во нивните домови“. Една, веројатно значајна реченица, за да го заврши говорот. Меѓутоа, медиумите известуваат дека оваа реченица е земена од стиховите на песната од белградскиот бенд ЕКВ „Земја“. Оваа песна, ако ја проверуваш на YouTube и го знаеш хрватскиот јазик, започнува со зборовите: „Ова е земја за нас, ова е земја за сите наши луѓе, овој е дом за нас, овој е дом за сите наши деца“. Секако, и овој момент го има својата голема симболика. Првата покажува дека генерацијата на рокенрол и џезот доаѓа на власт,и да го цитираш еден српски бенд на инаугурација на хрватски претседател е голема храброст, но и порака дека какво размислување ќе го карактеризира веќе хрватското претседателството.
Меѓутоа, пред да се вратиме кај нас и нашите реалности, никој не знае дали Зоран Милановиќ ќе биде или не добар претседател, дали ќе има успех или не во неговата обврска. Неговата инаугурација и неговиот говор се новини дека каков политичар може да биде. Но, преди се, еден одраз за тоа дека на функција доаѓа човек кој ја сака авангардата. И, бидејќи овој ветер дува и кај нас. Албин Курти може да биде таков пример, еден рокер кој е премиер. Меѓутоа, што ќе правиме со нашите фолклористи, кои се заглавени во едноумието зад сцените и сомневањата и кои не можат да се ослободат и ниту го ослободуваат просторот за современ дух на размислување, и како последица на политиката. Впечатокот, во моментов, е дека само интересот е голем поттик за власта.
Меѓутоа, дали се менува тоа? Се менува ако се зголемува притисокот од општеството, толку граѓанско и независно колку што е, но и од самата партиска структура, што кандидатите да бидат од различен пресек. Дека, ако го земеме како пример хрватскиот случај, несомнено дека тој е одраз на група идеја што опкружувал, преку луѓето блиски до него, но и кај самиот тој. Ние постојано сме жртва на квалитетот во политиката поради тоа што ни се нуди. Порано јас напишав дека сега кога влегуваме во изборен период, можеби инспириран и од случаите што ни се појавуваат, дојде времето и нашите партии да изберат паметен кандидат, способен, и со кредибилитет и професионално оформен кандидат, преку калкулациите на маалите (населбите) и интересите на мали групи внатре во партиите. Тоа веќе е неопходност. Секој политички субјект веројатно ги има своите критериуми како го прави тој избор на кандидати, без интервенција во овој дел, понудата секако треба да биде достоинствена.

И партиите, нивните раководства ја имаат таа тежина, затоа што и да имавме отворени листи, сепак некој одлучува кој би бил на тие листи.
Во овој предикативен контекст,што политиката, освен фолк, а во многу случаи и турбо фолк, да му се даде и џез. Не дека фолклорот нема вредност, напротив, тој е наш табан, наша генеза, но оваа уметност треба да напредува и да оди со времето. Се случува да некои просечно, ставајќи некои електронски ритами на фолкот, мислат дека го модернизираат. Меѓутоа, не, само турбо фолк го прават. Сега да се разбереме, не дека нема следбеници и овој родна музика, дури и многу, но никогаш, ама никогаш, нема да има почит или ќе зема оценки дека е новина, добра, прогресивна или откритие. Напротив. Се знае кои се виртуозите на музиката, кои иако основата ја имаат кај фолкот, имаат години на воспитување, обиди, достигнувања и преди се, достоинство. Затоа, на нашата политика и е потребен џезот.

Други се измамници кои користат технологија за оптички илузии или повеќе виртуелни, дека се со времето, но толку многу им се чита празнината. Балканот и пошироко се воодушевени, Зоран Милановиќ, кој ја започна својата кариера со Јосипа Лисац и ЕКВ. Тоа би донело нешто ако претседателот би ја инаугурирала Неџмије Пагаруша, (веќе покојна, но ја споредувам за тешка госпоѓица на Јосипа Лисац) и бидејќи претседателот цитираше стихови од „Трагите“, како: „ Или, кажи ми како да станеш херој, во овие времиња без време“ или „една честичка ти една честичка јас, така судбината ја сака оваа работа“. Секако, работите не се прават со копирање, овие случувања треба да се чувствителни и со основа, и мојот пример е, само еден што ми доаѓа при пишувањето на текстот. Сепак, идејата е, дека имаме современости, идеи, духот, прогресивноста, ја имаме и меѓу нас, но треба да му дадеме простор.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)