Џенифер Анистон и Бред Пит повторно се сретнаа на забавата по Оскарите!

10

Иако сите се надеваа на јавна средба помеѓу Џенифер Анистон и Бред Пит, тие сепак не се видоа на доделувањето на Оскарите. Всушност, Џенифер не ни присуствуваше на церемонијата.

Додека многумина беа убедени дека тие двајца не се ни сретнале таа ноќ, сепак излезе информација дека сепак се виделе на забавата која следеше после доделувањето на Оскарите.

Бред и Џенифер се сликаа одвоено при доаѓањето на забавата, што многумина ги наведе да помислат дека воопшто не се ни видело. Сепак, објавено е дека јавно се сретнале и срдечно се поздравиле.

Џенифер тогаш ја искористила можноста да му честита на освоениот Оскар за најдобра споредна машка улога.