Џерард: Честитки за титулата во ПЛ, таа е за фановите кои чекаа 30 години!

20

Поранешниот капитен и клупска легенда на Ливерпул, Стивен Џерард со сигурност е меѓу најемотивните по освојувањето на титулата во Премиер лигата. Постот од 30 години конечно е прекинат, а популарниот Стиви Џи два пати беше близу, но не успеа.

Во сезоната 2013/14, Џерард беше директен виновник кога се лизна и му подари гол на Челзи, кој подоцна славеше трофеј. Фановите и покрај сè имаат неизмерна почит кон сегашниот менаџер на Ренџерс и сметаат дека тој е капитенот кој заслужил да се радува.

Откако токму Челзи им заврши работа и го победи Манчестер Сити, Ливерпул и официјално математички стана шампион, па честитките доаѓаат од сите страни, вклучувајќи ја и онаа од екс-капитенот која е посебна за фановите.

„Честитки до Ливерпул за освојувањето на титулата во ПЛ. Неверојатно достигнување за неверојатна група играчи водена од светски тренер. Ова е најважно за фановите кои чекаа 30 години. Нека започне славјето“, напиша Џерард.

Ливерпул за жал нема да има можност традиционално да ја прослави титулата поради рестриктивните мерки и корона-кризата, но тоа не ја одзема величината на истата и начинот на кој „црвените“ стигнаа до неа. A