Џејда Пинкет Смит по инцидентот на „Оскарите“: Ова е време на исцелување

10

Сопругата на Вил Смит, Џејда Пинкет Смит, се огласи на Инстаграм, нејзин прв јавен коментар откако сопругот го удри комичарот Крис Рок на овогодинешната церемонија на „Оскарите“.

Вил се качи на сцената во неделата и му удри шлаканица на Крис како одговор на шегата за ќелавата глава на неговата сопруга, која има болест што предизвикува губење на косата.

А во вторникот, првпат по скандалот на 94. доделување на „Оскарите“, Џејда твитна: „Ова е сезона на исцелување, и тука сум за тоа.“ Не го спомна директно инцидентот, така што, не е јасно што се крие зад оваа мистериозна порака и што сакала да порача.

Во понеделникот Вил им се извини на Крис, на филмската академија, на продуцентите на свечената церемонија и на гледачите, велејќи дека неговото однесување било неприфатливо, и дека реагирал емотивно на шегата за здравствената состојба на неговата сопруга.

Академијата за филмски уметности и науки од 9,900 членови ги осуди постапките на Смит и соопшти дека го разгледува случајот.