Џејмс и Дејвис го средија Мемфис, Дончиќ одличен за Далас (ВИДЕО)

11

Лос Анџелес лејкерс ја забележаа четвртата победа по ред во НБА-лигата, откако утринава со 117-105 беа подобри од Мемфис.

Тандемот Леброн Џејмс – Ентони Дејвис искомбинира 60 поени. Џејмс реализираше 32 поени, додека Дејвис имаше 28 поени и 13 скока за Лејкерс. Џарен Џексон со 20 поени беше најефикасен кај Гризлис, а Џа Морант постигна 17.

На Лука Дончиќ му недостигаа уште две асистенции за да запише трипл-дабл на гостувањето кај Орландо во победата на Далас од 122-106. Словенецот го заврши натпреварот со 33 поени, 10 скока и осум асистенции. Еван Фурние со 28 поени ги предводеше кошаркарите на Меџик, додека Никола Вучевиќ постигна еден помалку.

Оклахома славеше против Денвер со 113-101 и покрај одличната игра на Никола Јокиќ. Српскиот центар постигна 32 поени, но тоа не беше доволно за да се спречи расположениот домаќин, кој го предводеше Крис Пол со 29 поени.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Вашингтон – Кливленд 108-113
Њујорк – Индијана 98-106
Торонто – Феникс 118-101
Минесота – Бостон 117-127
Јута – Сан Антонио 104-113
Портланд – Њу Орлеанс 115-128