Џонсон: Ако Путин беше жена…

4

Борис Џонсон тврди дека Владимир Путин немаше да ја нападне Украина да беше жена и смета дека војната е совршен пример за токсична машкост.

Во интервју за германските медиуми по самитот на Г7, Џонсон го наведе полот на рускиот претседател како фактор што придонел за конфликтот.

Џонсон за телевизијата ЗДФ рече: „Да беше Путин жена, што очигледно не е, ама ако беше, навистина мислам дека немаше да се впушти во луда, мачо-војна полна со насилство на начинот на кој тој го стори тоа. Ако сакате совршен пример за токсична машкост, тоа е тоа што тој го прави во Украина“.

Џонсон повика на „повеќе жени на моќни позиции“.

На самитот на НАТО во Мадрид, тој се спрема да ги повика другите членови да го зголемат трошењето во одбраната, вели Би-би-си.

Џонсон, исто така, рече дека иако лидерите на Г7 „очајно“ сакаат крај на војната во Украина, во моментов „нема прифатлив договор“.