Џонсон: Западот во 2014 година направи огромна грешка

0

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Западот направил огромна грешка во 2014 година кога дозволи Путин да го заземе Крим и да помине без последици, јави Би-би-си.

Џонсон вели дека е неопходно Западот да престане да биде зависен од руската нафта и гас бидејќи тоа е единствениот начин да се запре „насилникот“ од Кремљ.

Оваа изјава доаѓа во сенка на најавата за нови британски санкции кон Русија. Се очекува уште околу 100 лица поврзани со руските власти да бидат санкционирани.

ЕУ, исто така, започна со четврти пакет санкции против Русија.