Џонсон: Ќе стори се што е во моја моќ да ја изгладне воената машина на Путин

11

Борис Џонсон ги нарече нападите во Буча и Ирпин „одвратни“ и рече дека „ќе стори се што е во негова моќ да ја изгладне воената машина на Путин“.

Ова следи по објавувањето на снимките од Буча што го згрозија светот.

Украинските обвинители кои ги истражуваат можните воени злосторства од страна на Русија соопштија дека пронашле 410 мртви тела на цивили во градовите во близина на Киев.

Москва се соочува со повици за меѓународни истраги и построги санкции – дури и забрана за рускиот гас – додека светските лидери изразуваат ужас од сликите.

Дополнително, во масовната гробница во истиот град, пронајдени се 57 тела на убиени цивили, изјави шефот на локалниот спасувачки тим Серхи Каплични.

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека снимките од загинатите цивили во Буча биле „нарачани“ од САД како дел од заговорот да се обвини Русија.

„Кои се господарите на провокациите? Се разбира, САД и НАТО“, рече портпаролката на министерството Марија Захарова во интервју за државната телевизија доцна во недела.

Украинската војска соопшти дека руските единици се повлекле од областите на северот на земјата во соседна Белорусија, која служела како терен за инвазијата;Киев рече дека неговите воздушни сили презеле целосна контрола врз градот Припјат.