Џорџ Буш случајно ја осуди „неоправданата и брутална инвазија на Ирак“ мислејќи на Украина (ВИДЕО)

0

„А одлуката на еден човек да почне целосно неоправдана и брутална инвазија на Ирак… мислам на Украина.“

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш вчера направи гаф и ја осуди „бруталната“ „инвазија на Ирак“, пред самиот да се поправи дека ја осудува инвазијата на Украина.

43-от американски претседател говореше на изборен настан во претседателскиот центар во Далас.

 

„За разлика од тоа, руските избори беа наместени. Политичките противници се затворани или на друг начин се елиминираат од учество во изборниот процес. Резултатот е отсуство на систем за контрола и рамнотежа во Русија“, рече поранешниот претседател во своето обраќање.

„А одлуката на еден човек да почне целосно неоправдана и брутална инвазија на Ирак… Мислам на Украина“, додаде тој, пред да се насмее и за гафот да ја обвини својата старост.

Тој ги крена рамениците и промрморе „А и на Ирак“.

„Знаете, јас имам 75 години“, додаде републиканскиот лидер, а публиката прсна во смеа.