Џошуа им одговори на критичарите: Дали сè уште сакате да се пензионирам

18

Ентони Џошуа со едногласна одлука на судиите го совлада Енди Руиз во Ријаз и си ги врати четирите титули во супер тешка категорија кои ги загуби во првиот меѓусебен дуел одржан во јуни оваа година.

– Човек како мене нема изговори кога станува збор за боксот, навикнав да ги нокаутирам своите противници. Претходниот пат бев уловен, останав без изговор и му оддадов почит на Енди. Останете гладни, останете понизни. Го прифатив поразот и успеав да се вратам. Дали сè уште сакате да се повлечам – изјави Џошуа.

Сега веќе поранешниот шампион, Енди Руиз изјави дека главна причина за поразот беше неговата преголема тежина. Тој во рингот влезе со дури 129 килограми, 21 повеќе од Џошуа.

– Сакам трета борба. Ова беше негова ноќ. Не се подготвив како што треба, претежок сум… Ако има трета борба ќе се подготвам подобро од било кога“. Се обидов да тренирам, но не сакам оправдувања, Џошуа заврши одлична работа – рече Руиз.