10 години од смртта на легендарниот пејач: На денешен ден почина Гоце Арнаудов

37

На 6 декември 2011 година, почина Гоце Арнаудов, легендарниот македонски пејач на народна музика. Арнаудов почина во болницата во Франција каде што се лекувал од тешка болест, не успеа да ја победи битката со ракот.

Остана запаметен по прекрасните песни интерпретирани на негов единствен начин и во посебен стил. И 10 години по неговата смрт, публиката се сеќава на неговите најголеми хитови.

Гоце Арнаудов е роден во Струмица. На 10-годишна возраст почнал да свири гитара и да пее во групата на неговиот татко.

По завршувањето на средното образование ја формирал групата „Крик“, со која се претставувал низ цела поранешна Југославија. Во Македонија се вратил во 1993 година, а во 1994 година на „Фолк фест – Валандово“ ги освои сите награди со песната „Дали чекаш стара мајко“.

Арнаудов каде и да учествуваше предизвикуваше еуфорија, а на сите фестивали освојуваше значајни награди.

Пет години беше прогласуван за најпопуларна личност на Македонија, а учествата на „Фолк фест Валандово“ му донесоа 22 награди. Неколкупати ја доби наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“.

Редовно учествуваше на турнеи во Европа, Америка и Австралија.

Ќе остане запаметен по песните „Ех да беше стрела песната“, „Дали чекаш стара мајчице“, „Ќе пијам ќе лумпувам“, „Свири мајсторе“, „Полни бре меанџијо“… Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година.

Во 2000 година, во својот роден град Струмица, Арнаудов направил концерт на стадионот и собрал 10.000 публика, а раководството на областа му врачила награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.