10 совети на Новаќ Ѓоковиќ како да се справите со коронавирусот

31

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е свесен со каков проблем светот се соочува поради коронавирусот, па одлучил врз основа на сопственото искуство со здрава исхрана и истиот начин на живот, за српски „Телеграф“ да даде корисни совети, кои на многумина може да им помогнат кога е во прашање превенцијата од коронавирусот, кој му се заканува на целиот свет.

Тенисерот дал совети како да се однесуваме и што да направиме за зајакнување на имунитетот и организмот и да го намалиме ризикот од добивање коронавирус.

Ова се неговите 10 главни совети:

1. Зголемете го внесот на витамин Ц и цинк. Се препорачува меѓу 5 до 7 грама на ден витамин Ц, а може и до 10. Ако најдете течен цинк, тој е подобар од другите форми. Во случај да не најдете течен цинк, и во таблети е добро да земате 3 до 4 пати поголема доза од вообичаената препорачана доза.

2. Секојдневно наутро на празен стомак пијте топла вода со лимон и малку морска сол (по желба додадете и ѓумбир и свежи лисја од нане). Топлата вода со лимон пијте ја неколкупати во текот на денот. Се препорачува на празен стомак.

3. Пијте што повеќе зелени сокови и шејкови што е можно повеќе со зелен лиснат зеленчук (магдонос, спанаќ, кељ …). Зелениот лиснат зеленчук создава алкална база во телото што ги уништува патогените и вирусите кои опстојуваат во киселата средина.

4. Киселата средина е предизвикана од нездравара брза храна, стресот, загриженоста, лутината, пијалаците со многу рафинирани шеќерни, млечните производи итн.

5. Препорачливо е да консумирате мал дел од чешне лук во лажичка мед со цимет. Исто така, масло од диво оригано, ѓумбир, кајенска пиперка (еден вид лута пиперка).
6. Колоидната сребрена вода е исклучително делотворна за имунитетот и во борбата против отровите што ги имаме во телото.

7. Разни видови чаеви и свежи билки секогаш се добредојдени. Особено ртањскиот чај и чај од хибискус.

8. Секој ден да се поминува одреденом време на свеж воздух во природен амбиент (паркови, шуми, езера, реки, море, плажа, планини, брда…), кои нѐ исцелуваат и нѐ полнат со органска, животна енергија која е пресудна за живот во изобилство со здравје и бенефит за душата, умот и телото.
9. Правете вежби со свесно дишење бидејќи на тој начин воспоставувате емотивен и ментален склад и мир во телото за да можете полесно да се справите со грижите, стресот и неизвесностите. Исто така, балансирањето на метаболичките процеси се клучни за оптималното здравје.
10. Што повеќе смеење, уживање во музика што ве исполнува и ве прави среќни. Бидете опкружени со сакани луге со кои чувствувате големо присуство на љубов, благосостојба и радост.