118 нови случаи на ковид 19, оздравени се 127 пациенти– починати сe 3

25

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1653 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-55, Куманово-12, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-9, Тетово-6, Струга-1, Велес-2, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-2, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-1, Пробиштип-1, Берово-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-11, Штип-11, Струга-37, Велес-3, Битола-6, Охрид-13, Кавадарци-11, Гостивар-1, Демир Хисар-3, Виница-4, Кичево-5.

Починати се тројца пациенти од Тетово (64г), Штип (82г) и Струга (74г), сите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13194, бројката на оздравени пациенти е 9752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2888.