13- те пациенти на клиниката за гинекологија и акушерство се негативни на ковид 19

47

Засега на клиниката има само две позитивни бремени жени едната од нив била позитивна и на домашно лекување е во посебна соба, друга која пристигнала од Тетово поради ризичноста на регионот докторите самоиницијативно ја тестирале и тестот покажал позитивен резултат.

Четворица вработени се вратиле од самоизолација, засега во самоизолација се еден доктор и три сестри. Нови случаи на ковид од болницата нема, претходните четворица од клиниката кои беа позитивни на корона се во добра состојба и се на домашно лекување