13 француски војници загинаа во антитерористичка операција во Мали

8

Тринаесет француски војници загинаа во хеликоптерска несреќа за време на операција против џихадистите во Мали, соопшти канцеларијата на претседателот на Франција.

Несреќата се случила во понеделникот, се вели во соопштението.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја изрази својата „длабока тага“ за инцидентот и упати сочувство до семејствата на војниците.

Мали е разорено од насилства уште од 2012 година, кога исламистичките милитанти го презедоа северот. Со помош на Франција, армијата на Мали си ја врати територијата.

Сепак, несигурноста таму продолжува, а насилството се рашири и во други земји во регионот.