14 кандидати за членови на ДИК, Насер Зибери предложен за народен правобранител

20

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја утврди листата на 14 пријавени кандидати за избор на претседател и членови на ДИК.

На предлог на ДУИ, кандидатот за прв премиер Албанец на парламентарните избори, Насер Зибери, со седум гласа „за“ е утврден за предлог-кандидат за народен правобранител.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК завршува на 15 јануари.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во рок од три дена листата на кандидати ќе ја испрати до партиите, кои треба да се изјаснат по предлозите. Понатаму, листата со поддржани кандидати се доставува назад до Комисијата за прашања на избори и именувања, а потоа до пленумот кој треба да гласа.

Засега, само ВМРО-ДПМНЕ ја потврди поддршката за Александар Даштевски за претседател на ДИК.