15-годишното девојче им подлегна на повредите добиени во земјотресот во Загреб

16

Директорот на детската болница во Загреб потврди дека почина 15-годишното девојче што доби тешки повреди во земјотресот што во неделата го погоди главниот град на Хрватска.

„За жал, и покрај сите напори, тешко повреденото девојче им подлегна на повредите. Во име на Клиниката за детски болести Загреб сакаме да му изразиме искрено сочувство на семејството“, изјави за Н1 директорот на болницата Горан Роиќ.

Во земјотресот со јачина од 5,5 степени по Рихтер повредени се 27 луѓ