16-годишен тинејџер без дозвола со БМВ го прегази докторот Ѓорѓи Јота во Скопје

16

Хирургот Ѓорѓи Јота вчера вечерта бил прегазен на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ и улицата „Елисие Поповски Марко“ во Скопје:

58 годишниот доктор бил прегазен од 16 годишно момче кое без возачка дозвола возела автомобил БМВ. Доктор Јота со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза.

Случајот го потврди и Министерството за внатрешни работи.

„На 25.02.2021 во 20:30 часот било пријавено дека на крстосницата од бул еваерот „Мајка Тереза“ и улица „Елисие Поповски-Марко“ патничко моторно возило „БМВ Х6“ со скопски регистарски ознаки управувано од 16- годишник удрило во Ѓ.Ј.(58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил пешакот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје – се наведува во одговорот од МВР.

Како што информираат дел од медиумите, докторот е во коматозна состојба