18 годишните, политички предизвик денес!

9

На еден дипломатски прием, амбасадорот домаќин ми одговори: „во земјата нема многу драма и театар, се се доживува со многу емоционализам! “Љубопитноста на моето прашање, дека каков украс му дава нему нашето општество

Од Аделина МАРКУ

Навистина сме забиени во драмска и театарска димензија кога се уште слушаме дека се занимаваме со симболички емоцинализми во политика од типот: повторно ќе го смениме името на државата и дека никој не може да ни го негира македонизмот! Да вистината биде балансирана, таа вели дека не само овие единствени политички емоционализми што ќе ни го расипат мозокот за време на кампањата на парламентарните избори во 2020 година, затоа што и Албанците ќе се справат со емотивноста на Стокхолмскиот синдром, и што ќе звучи некако вака: ние, ние ја направивме државата да оди во НАТО….! и такви политички тривијалности.

Неискористените права во име на развојот, за жал, не се интересот и фокусот на политичките партии. Тоа е мој аргумент! А кој е заедничкиот именител на оваа констатација? Одговорот е едноставен, затоа што се однесува со неискористениот економски потенцијал! Ние во суштина, сами ги поставуваме нашите политички траектории со тоа што постојано ги поставуваме од внатре преку ирационален етнички натпревар, без да оставиме и создаваме отворање врата и одење на различен развоен автопат.
Ако по внимателно ја погледнете на работа, значи, ако Македонците сакаат да задржат нешто што всушност го имаат – значи културниот идентитет, но што ќе го пласираат како нешто грабнато од некој намерно, и ако Албанците се занимаваат со оправдувања од типот дека без нас не би било ништо, имам впечаток дека овој натпревар на парламентарните изборни ќе биде многу „анемична“ во пласирањето на идеите.

Дипломатот не згреши кога рече дека драмата и театарот што се симулира, не ни дозволуваа да ја гледаме поинаку нашата реалност. Значи, клучот за промена во општеството лежи во тоа колку сакаме да ја видиме исполнета чашата. Зошто не го правиме тоа? Зошто чашата постојано се испразнува пред нашите очи? Мојата анализа покажува за аргументот на елементот: ВОЗРАСТА на раководството во земјава и што хронично останува поврзано со наследен ПОЛИТИЧКИ СТИЛ – заедно со архетипот на намерно структурирана меморија, затоа и како најлесен производ за рециклирање. Како резултат и како наратив на изборните кампањи, постојано наликува една на друго. Со еден збор, ние правиме повратен ” копи паст (copy past)”, секогаш кога политичкиот контекст ќе добие залет да пласира нова развојна идеја. Зошто „копи паст“ ни излегува полесен за да ги унапредуваме постојано како политичка реторика? Бидејќи, се друго и во окото на реформите на институциите е тешко да се имплементира. Ако недостасува политичка волја или ако пречка е ВОЗРАСТА на генерациите што ги водат овие институции? – тоа би било реторичко прашање. Да, тоа е констатација што се однесува до ПРОМЕНА НА ГЕНЕРАЦИИТЕ. Генерацијата на раководствата на институциите во земјава е исто таа која постојано го рециклирал себеси во циклонот на корупцијата и особено во правосудниот систем во земјава. Потребата за квалитетно просветлување на овој систем, се пласира од истите тие што ја создадоа овој систем. Затоа, ИНХИБИЦИЈАТА на реформите на институциите зазема намерни контури и ние, гласачите, постојано наоѓаме да велиме: „не сакаат, затоа не го прават!“. Инстуицијата на гласачот е секогаш таа што треба да се третира, затоа што вистината е политичка култура која треба да се реформира, се пласира од тие што ја растурија и ја денатурираа таа повеќе од две децении во оваа земја! Промената – ако доаѓа, нема да се разликува како таква долго време во овие краишта! Демократијата во различни земји произлегува да се израмнува поинаку, додека ние на нашата демократија и дадовме можна најтешка димензија за да ја мелеме,таа драматичност, тоа што не држи цврсто поврзан со емоциите на еден не кохезивен натпревар, всушност, затоа и не развоен. Идеите за доградба на еден натпревар каде економскиот развој би бил алфа и омега на нашето општество, се заменуваат со наратив што го нарекуваме националистички и како последица, емотивен. Потрошувачите, значи, гласачите на овој политички наратив, веднаш ќе ја заборават економската мизерија во нивниот секојдневен живот, поттикнувајќи се да се вознемируваат за дилемите од типот: дали ќе го промениме повторно името на државата и дали ќе има национален консензус повторно во оваа насока и второто до кога немнозинските етникуми ќе злоупотребуваат со симболиката на политичкиот јазик поврзан со евро-атлантските интеграции! Оваа политичка психологија кај гласачите денеска штотуку започна да се изорува и со изобилство. Нашата контекстуална култура го истружува себеси систематски, толку долго време, затоа и не ја надминува оваа димензија за да заземе друга форма, значи тој натпреварувач, во однос на понудите за економски развој. Социјалната кохезија во едно општество како нашето, потекнува само од економската еднаквост која потоа го балансира тоа етничкото. Секој друг експеримент е „bull shit “ произлезен од некоја акутна формула на политичкиот наратив, произлезени од симулираните епрувети на ПР политичките партии. Очигледно, нова манипулација!

Тоа што треба да се анализира е дека во која возрасна група го готват овој политички наратив во земјава? Мојата анализа зборува за која возрасна група, освен таа што е над 18 години. Сите ние што не сме од оваа генерација кои денеска имаат 18 години, ја имаме сеќавањето на емотивно минато и исто толку емоционално во моментов. Ние од оваа генерација, не сме прагматични во суштина, бидејќи постојаниот емоционализам и рецикличен на политичката матрица создаде недоверба кон тој политички наратив, оттука и има индолентност во изобилство и крајна недоверба во себеси. Значи, свесно одиме во политички натпревар исполнет со органска недоверба. Ние рационализираме вака: доколку не би биле меѓународните претставници, оваа географска целина не би ја спасила себеси. Затоа, ние сме многу недоверливи кон ова раководство кое го одржува живо истиот наратив толку долго време. Овој монолитен наратив, денеска се преведува како неразбирлив од возрасната група од 18 и повеќе години! Мојот заклучок , затоа и сугерирање до политичките партии во земјава е како да се развеселува во натпревар оваа возрасна група. Тоа е платформа врз која денеска треба да се гради наративот на политичките партии.

Само разговорот со 18-годишници и над оваа возраст би можел да помогне во раскинувањето од емотивноста од минатото и затоа и создавање на нов развоен наратив во земјава. Овој разговор со младите треба да се направи можно што побргу и што по квалитетно, затоа што се друго е еднакво со „bull shit“,видено и повеќе пати видено досега на овие простори!

(Авторката е редовен колумнист на весникот КОХА)