Иванка Трамп е сослушана под заклетва за случај на проневера на пари

65

Иванка Трамп, ќерката и советничка на претседателот на САД, Доналд Трамп е сослушана под заклетва во граѓанска парница која се однесува на злоупотреба на непрофитните средства за инаугурацијата на нејзиниот татко пред четири години.

Од канцеларијата на државниот обвинител од Колумбија, Карл Расин открија дека нејзиното сослушување било во вторникот, пренесува Ројтерс.

Во тужбата од јануари 2020 година, Расин тврдеше дека фирмите за недвижности на Доналд Трамп и други лица злоупотребиле непрофитни фондови за да ја збогатат фамилијата Трамп.

Според тужбата, непрофитната корпорација која била ослободена од данокот координирала со фамилијата Трамп за значајно да го преплати просторот за настани во хотелот Трамп Интернешнл во Вашингтон.

Во еден случај непрофитната организација наводно платила повеќе од 300.000 долари за одржување на приватен прием во хотелот Трамп за трите најстари деца на претседателот, Доналд Јуниор, Иванка и Ерика, на вечерата за инаугурација на 20 јануари 2017 година.

„Законот наложува непрофитните организации да ги користат своите средства во јавна корист, а не во корист на приватни лица или компании“, рекол Расин.

Расин со тужбата сака да врати милион долари кои наводно биле насочени директно во семејната фирма на Трамп.