Хали Бери го обвини бившото момче за инцест и расизам: Водевме љубов трипати годишно (ФОТО)

24

По првите шест месеци нашиот сексуален живот едноставно исчезна, а по една година водевме љубов помалку од трипати годишно, изјавила на судот Бери.

Во тешката битка за старателство од 2011 година за нивната ќерка Нала, глумицата Хали Бери и манекенот Габриел Обри не бирале зборови за да го оцрнат партнерот. Иако досега сè беше „под клуч“ на судот, интересните детали кои холивудската глумица ги изнесе за да го дискредитира таткото на своето дете, сега стигнаа во јавноста.

Во списите што му биле врачени на судот, денес 53-годишната Хали Бери изнела неверојатни и шокантни обвиненија на сметка на таткото на нејзиното дете, со кого била и верена. Меѓу другото Хали го обвинувала дека користел многу „расни епитети“ во текот на нивната врска, а одбивал да признае и дека нивната ќерка е од мешана раса.


Покрај тоа се осврнала на неговата љубовна врска со личност од неговото семејство, тврдејќи дека таа информација го уништила нивниот сексуален живот. Хали Бери рекла дека Обри имал сексуални односи со таа личност во периодот кога преминувала од едно вдомително семејство во друго.

„По првите шест месеци нашиот сексуален живот едноставно исчезна, а по една година водевме љубов помалку од трипати годишно“, изјавила на судот Бери.

Таа го обвинила Одри дека имал психички проблеми, тврдејќи дека не е подобен за Нала да расте покрај него, посебно бидејќи боледувал од депресија и анксиозност, а притоа одбивал да побара стручна помош.

„Габриел одби да прифати одговорност за тие проблеми. Наместо тоа го критикуваше моето тело на начини што се многу понижувачки за жената. На крај успеав да го наговорам заедно да побараме стручна помош за нашите проблеми“, рекла глумицата.

Во 2014 година судот донел одлука Хали Бери на својот бивш партнер да му плаќа 16.000 долари месечна алиментација, како и ретроактивно да плати 115.000 долари и дополнителни 300.000 за адвокатските трошоци на Обри.