22 – годишниот Енис Халили, кој се удави кај Утјеха, требал денеска да почне со работа

3

22-годишниот Енис Халили за кого беше јавено дека се удавил во водите на Јадранското Море, заминал од Тетово во малото црногорско туристичко место Утјеха за да работи. Тој со работа требало да започне денеска, а вчера по сместувањето кое го добил од работодавачот, заминал на плажа. Како што објави телевизијата Клан, соседите на момчето велат дека Халили решил да замине за да заработи за леб. Велат дека момчето било решено да си обезбеди подобар живот и дека постојано велел: „Ќе работам за да заработам”.

Соседот Беким Рамадани вели дека првичните информации кои ги слушнале за трагедијата се дека јака морска струја го повлекла Халили подлабоко во морето.

„Тоа е животот. Наместо подобрa eгзистенција за еден млад тетовец, се случи трагедија. Енис велеше дека ќе оди таму, дека ќе работи, дека многу ќе се труди за да си обезбеди подобар живот“, вели Рамадани.

Соседот вели дека лошата вест на родителите на Енис им ја јавил работодачот, угостителот од Утјеха, кој претходно алармирал дека загубил контакт со момчето.

Како што соопштија македонските власти кои ги добиле официјалните информации од властите на Црна Гора, првичниот увид утврдил дека се работи за давање, зашто нема траги на насилство.

,