31,78 отсто е излезноста на изборите до 15 часот

15

До 15 часот излезноста на парламентарните избори е 31,78 отсто. Како што соопштија од Државната изборна комисија од 3.435 избирачки места од вкупно 3. 383, гласале 576.576 граѓани.

Во првата изборна единица одѕивот е 34,51 отсто од вкупно запишани во избирачкиот список, а во втората изборна единица 28,96 отсто. Најголема излезност има во тројката и тоа 37,24 проценти, во четвртата изборна единица излегле на гласање 35,56 проценти од граѓаните со право на глас. Во петата изборна единица гласале 31,51, а најмала излезност има во шестката каде до 15 часот гласале 22,85 отсто.

Гласањето денеска поради пандемијата на ковид-19 ќе трае до 21 часот.