322 нови случаи на Ковид-19, починале 6 лица

0

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени биле 2.246 тестови, а регистрирани 322 нови случаи на Ковид-19.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани биле 42 реинфекции.

Регистрирани сe 308 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (86г), во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица, од: Скопје, Гостивар, Куманово, Тетово и Битола, на возраст од 66 години до 87 години. Од пријавените починати лица, 3 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 25.02.2022 год. до 22.03.2022 год.

Од вкупниот број на починати лица, кај 5 биле регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.648, бројот на оздравени пациенти е 293.479, на починати е 9.197, а бројот на активни случаи изнесува 1.972.

КОВИД БИЛАНС
Facebook
Email