4 навики кои многу брзо ја трошат батеријата на вашиот телефон

14

Технологијата е дел од нашите животи и без истата денес тешко можеме да го замислиме секојдневието, особено не без нашиот паметен телефон. Но, знаете ли како најдолго да ја продолжите трајноста на батеријата на вашиот телефон?

Во продолжение прочитајте неколку корисни совети, кои е добро секој од нас да ги знае.

1. Не го оставајте телефонот на полначот, доколку веќе е целосно наполнет

Ова ни е јасно на сите нас, но колку пати сте заспале и сте заборавиле да го отстраните полначот од телефонот? Оваа штетна навика значително го скратува животниот век на батеријата.

2. Не ја полнете батеријата до 100%

Вашиот телефон не треба да биде 100% наполнет, бидејќи ова може само дополнително да ја оштети батеријата, затоа секогаш оставајте мал процент пред целосното полнење.

3. Поставете го телефонот да се полни колку што е можно побрзо

Играте игри, постојано сте на Фејсбук или Инстаграм? Ваквите апликации многу брзо ја трошат батеријата и не е добро да чекате предолго за да го ставите телефонот да се полни, односно не треба да чекате истиот целосно да се исклучи.

4. Обратете внимание на прегревањето

Батериите на паметните телефони се исклучително чувствителни кон прегревање, при што потребно е да го избегнувате седењето на Сонце или до претопол извор.